Голем интерес во Велес за работа во "Дрекслер маер" - еве колку велешани ќе работат во фабриката

Стотина лица се работно ангажирани во фабриката  на Дрекслер маер во Кавадарци. Според информациите на ТирековМирече, кај невработените велешани постои голем интерес за вработување во Кавадарци.

Според работниот план до април тие ќе вработат околу 800 лица од Велес – изјави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски кој беше во посета на Подрачната единица  во Велес.

Инаку, во Дрекслер маер досега се пријавиле 1.100 невработени велешани, на  разговор биле повикани 500 а од нив 200 и вработени.

 

22.01.2014 - 16:13
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега