Ристовски: Екстерното тестирање се спроведува успешно

Екстерното тестирање денеска помина без никакви проблеми и технички грешки. За ова информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

- Лично сметам дека ваквиот начин на екстерно тестирање и целиот овој сиситемски пристап на Министерството за образование, Државниот испитен центар, со исклучителна улога на училиштата и директорите, но пред се на учениците, родителите и целокупната јавност со можноста да го коментираат и оценуаваат квалитетот на прашањата, придонесоа да се подобри квалитетот и содржината, така што на крај бенефит од целиот овој процес ќе имаат учениците, наставниците и целиот образовен систем во Република Македонија, рече Ристовски.

Ристовски апелираше до директорите на училиштата сериозно да ја сфатат својата улога во процесот екстерно тестирање зашто тоа не е одговорност само на МОН. Причина за неговиот повик е што неколку директори од внатрешноста на државата се дистанцирале од процесот и не одговориле повратно на барањето  за верификација на списоците на ученици и проверка на распоредот на предмети што им ги пратило МОН.

Инаку, екстерното денеска го полагаа 20.000 матуранти, опфатени беа 2.900 наставници  по вкупно 1.524 предмети од гимназиско, стручно и уметничко образование.

22.01.2014 - 14:49
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега