Нов метео шок: Во четврток 15 степени - викендов снег

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Врнежи од дожд ќе има во западните, северозападните и северните предели, а во останатите предели ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. На планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 10°C, а дневните температури ќе достигнат до 7°C односно до 14°C, објавува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 6°C, а дневната ќе достигне до 11°C.

Во четврток во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и северозападните предели. Во останатите предели, и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни температури од 8°C до 15°C.

Во Македонија во петок ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1300 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 13°C.

Нестабилното време ќе продолжи и во сабота. Ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1000 метри со врнежи од снег. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер.

Во текот на доцните попладневни и во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот и ќе дува умерен северен и северозападен,а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Снежната граница во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе се спушти и на 500 метри,  што значи дека над 500 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Утринските темпертури ќе се движат од 2°C до 8°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C до 11°C.

Во недела имаме промена на временска состојба, конечно пониски температури кои се карактеристични за зимата и можност за врнежи од снег.

Во недела во Македонија ќе биде облачно со услови за врнежи од снег, ветровито и постудено. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање. Минималните температури ќе се движат од -4°C до 3°C, а максималните температури ќе достигнат до 0°C односно до 7°C.  

 

 

 

22.01.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега