Еве колку оваа зима беше потопла од претходните

Полека како да започнува зимата да ја покажува своето лице, но само во Скандинавија и североисточните предели, онаму каде што претходната декада имаше најголемо отстапување од просечните вредности, односно беше потопло за 7°C до 9°C од просечните температури, анализира специјалирианиот портал за временска прогноза Weather4all.

Во најголем дел од Европа било надпросечно топло со температури кои се движеле од 1°C до 3°C над повеќегодишниот просек.

На територијата на Балканот било за 5°C до 7°C потопло во однос на просечните вредности за овој периоди од година, со исклучок поголем дел од Словенија, на север од Босна и Херцеговина и во Хрватска каде што температурното одстапување било од 7°C до 9°C.

Најстудено било во Скандинавија, односно во поголем дел од Шведска, источните и југоисточните делови на Норвешка, како и во Финска и Естонија каде што температурите се движеле во интервал од 5°C до 7°C под просечните температури за овој период од годината.

Во Македонија било потопло за 3°C до 5°C, а во северните и северозападните предели и за 7°C потопло од повеќегодишните просечни вредности. Речиси во целата држава имало многу мало количество на врнежи. 

 

22.01.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега