Македонец “заглави“ во Албанија со 450 килограми дрога

Албанската полиција синоќа во Драч уапсила македонски државјанин, бидејќи во камионот кој го возел биле пронајдени 450 килограми марихуана, јавуваат албанските медиуми.

Според информациите кои ги пласираат албанските медиуми, марихуаната била сокриена во приколка од камион. Полицијата потврдила дека дрогата е од албанско потекло.

Македонскиот државјанин е уапсен, а според досегашните информации, во тек е и голема акција за апсење на неговите соработници.

22.01.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега