ДУИ денеска ќе пресече за предвремени парламентарни избори

 

ДУИ денеска ќе пресече дали е за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале во април заедно со претседателските избори, пишува Дневник. 

Според информациите на „Дневник“, сеуште не се знае дали партијата на Али Ахмети ќе ја стави одлуката за евентуални парламентарни избори во пакет со понудата за консензуален кандидат за претседател, но, познато е дека ДУИ ќе остане на позицијата дека врвен интерес им е таков кандидат да договорат со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Повикувајќи се на извори од ДУИ, Дневник објавува дека на синоќешното централно претседателство, партијата не расправала за парламентарни избори. Оваа тема е оставена за денеска, кога се очекува да биде донесена и одлука.

Интегративците остануваат на позицијата дека идејата за консензуален кандидат за претседател има смисла само доколку постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ, како две најголеми мнозинства кај Македонците и кај Албанците. Според информациите на „Дневник“, Ахмети веќе одбил понуда за средба од опозициски лидер бидејќи прво чека одговор од Груевски.

 

22.01.2014 - 09:56
Фото: 
Засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега