Презентација на резултатите од истражувањето за примена на начелото на правична застапеност

Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) Тетово заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) денеска организира завршна конференција за презентација на наодите од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за примена на начелото на соодветна и правична застапеност на немнозинските етнички заедници на локално и централно ниво, кое беше спроведено 19 општини во Република Македонија.

Наодите од истражувањето беа основа за изготвување на публикација „Примена на начелото на соодветна и правична застапеност: перцепција на граѓаните“, која исто така ќе биде промовирана на завршната конференција. Публикацијата е наменета да придонесе кон стручната и јавната дебата околу примената на ова начело.

Завршната конференција е дел од проектот „БОНА МЕНТЕ: Подобрување на вклученоста на немнозинските заедници преку комисиите за односи меѓу заедниците“.

22.01.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега