Попоски и Бесими на средби со Филе и Ховит

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Брисел ќе остварат средби со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе и со известителот во ЕП за Македонија Ричард Ховит.

Според најавите од Секретаријатот за европски прашања, на средбите ќе се разговара за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

На средбата со Ховит ќе се зборува и за Предлог резолуцијата за Македонија што вчера доби зелено светло од Комитетот за надворешни прашања на Европскиот парламент.

22.01.2014 - 08:23
Фото: 
lokalno.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега