Бесими и Попоски утре на средба со Филе и Ховит

Вицепремеирот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре ќе остварат средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе и Ричард Ховит. 

На средбата во Брисел ќе се разговара за  за перспективите на евроинтегративниот процес на Република Македонија во 2014 година и за напредокот во исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво, како и за Предлог резолуцијата за Македонија што денеска доби зелено светло.

21.01.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега