Стартува процесот на усогласување на платите во МВР
На денешната прес-конференција за усогласувањето на платите на вработените во МВР, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, истакна дека оваа активност ќе резултира со позитивен исход во интерес на припадниците на МВР.
-Започнавме пред се со етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да бидат слични со основната плата во јавната администрација, но и со примањата на полициските служби во регионот. Прво со корекција на платата по ранг, давајќи приоритет на ниските плати и напоредно со тоа стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата, посочи министерката.
Јанкулоска посочува и дека ќе продолжат со унапредување на правата на вработените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа