Во Италија печат пици со дрва од Македонија
Огревното дрво од Дебар кое годинава ги грее домовите на стотици албански и грчки домаќинства, започна да се користи и во пицериите во Италија.
- Тоа почна да се користи и во италијанските пицерии, главно во градот Милано, каде што пиците се печат на дрва. Како што потврдуваат од фирмата „Вејзи 2“од албанскиот град Либражд, која го откупува нашето дрво, сопствениците на пицериите се многу задоволни и веќе покажале интерес за продолжување на откупот на дебарското дрво, вели Рами Љата,раководител на дебарската подружница на ЈП„Македонски шуми“.
Врз основа на договорот, за фирмата испорачани се 2.000 просторни метри, што е за 600 просторни метри повеќе од претходната година. Поголемиот дел од дрвата се продаваат во Албанија, дел во Грција, а сега и во Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа