„Борка“: Уште 30 перики за жени со низок социјален статус кои одат на хемотерапија
Од Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ денеска информираат дека го продолжуваат четиригодишниот проект за бесплатно обезбедување перики за жените со низок социјален статус на кои им е дијагностициран карцином и се подложени на хемотерапија.
Како што информираат од Здружението, во соработка со АД Електрани на Македонија, обезбедени се уште 30 перики.
Периките може да се подигнат во просториите на Здружението „Борка-за секој нов ден“ на ул.„11 Октомври“ бр.25.
Сите кои имаат потреба од перика претходно нека се јават на бесплатната СОС линија за корисници на Т-home 0800 55 777 или на 02 3224 636 за да добијат информации за тоа која документација треба да ја достават.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа