ВНИМАВАЈТЕ: Грипот ќе земе најголем замав во февруари
Грипот кој се повеќе и повеќе зема замав како и во Македонија, така и во другите земји во регионот, ќе биде најсилен во текот на наредниот месец. Епидемиолозите во Србија предупредуваат дека врвот на епидемијата на грип може да се очекува во февруари.
- Симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока, болки во мускулите и зглобовите и кашлица - вели д-р Драгана Димитријевиќ од Инстутот за јавно здравје во Белград. Докторката додава и дека и со двата вируса може да се дојде до компликации и до смрт.
Инаку, вирусот синоќа ја зема и првата жртва во Македонија. За жал, се работи за 67-годишна жена од Велес која имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест, па грипот само ја влошил состојбата.
Инаку, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, а во Македонија до сега се регистрирани 1.941 случаи со грип кој зема се поголем замав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа