Еврокомесарот Филе денеска во посета на Сараево

 

Штефан Филе, еврокомесарот за проширување денеска треба да допатува во Сараево во обид да посредува меѓу политичките лидери во Босна и Херцеговина околу договор за бришење на дискриминаторските уставни одредби кон припадниците на малцинствата, кои се главна пречка за процесот на евроинтеграција на земјата.

На оваа средба Филе со лидерите на седумте најголеми партии во Босна и Херцеговина и со претставниците на највисоките органи на власта ќе разговара за начините за спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во врска со случајот „Сејдиќ-Финци“, со која се бара бришење на одередбите од Уставот на БиХ кои им оневозможуваат на припадниците на малцинските етнички заедници да се кандидаират за членови на Претседателството на БиХ.

Премиерот на Република Српска и секретар за меѓународна соработка на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД), Жељка Цвијановиќ оцени дека средбата со Филе би можела да биде „последна шанса за договор“, бидејќи оваа година е изборна, како за ЕУ, така и за БиХ.

17.01.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега