"Нека те чуваат ангелите ќерко моја" - погребано бебенцето кое почина поради лекарска грешка

 

Неизмерна тага и болка ја зави во црно Србија по смртта на малото ангелче Николина Тадиќ, кое почина поради грешка на лекарите. Шестнаесетмесечното бебенце го загуби животот откако случајно голтна зрно грав, по што веднаш беше пренесено во болница, но во амбулантното возило немало кислород, поради што набрзо го загуби животот.

- Нека те чуваат ангелите ќерко моја, денеска извикувал таткото на Николина низ солзи, додека мајката скршена од болка не може да каже ни збор.

На погребот на Николина денеска дојдоа семејството, голем број роднини, соседи и пријатели, за последен пат да се поздрават од неа. 

Повеќе за несреќата прочитајте ТУКА.

 

16.01.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега