Што се договарале и што му било ветено? - Кристијан Голубовиќ ќе проговори за Легијата

 

Милорад Улемек Легијата имал договори со Кристијан Голубовиќ за кои тој вечерва ќе зборува во емисијата Гол живот на Хепи телевизија. Како што пренесува српскиот Курир, Голубовиќ вечерва ќе открие се за тоа со кого Легијата се договарал пред неколку години и шткој што му ветил доколку се предаде.

Сега, по сведочењето на легијата за убиството на Чурувија ќе се дознае што се договарал тојпред години, кој што му ветил..Неговата сопруга Александра го гребела по лицето и го молела да побегнат на крајот на светот, додека Голубовиќ го советувал нешто да изглумат и да ја преминат границата.

- На крајот ми рече дека како и да е вистината ќе излезе на виделина. Јас го прашав зошто светски мангуп како него се движи со такви лица, но тој ми рече дека ништо не разбирам, вели Голубовиќ.

Инаку, тој е осуден на 14 години затвор за шверц на дрога на релација Белград-Нови Пазар.

16.01.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега