Убиен советник на општина Косовска Митровица

 

Како што пренесуваат косовските медиуми одборникот во Собранието на Општина Косовска Митровица, Димитрие Јаниќијевиќ е убиен ноќеска пред неговиот дом во северниот дел на градот.

Јаниќијевиќ бил убиен некаде по полноќ, кога врз него било пукано од автоматско оружје. По нападот тој бил пренесен во болницата во Косовска Миторвица, каде бил примен „без знаци на живот“.

На претходните локални избори, 35-годишниот Јаниќијевиќ беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Косовска Митровица.

Мотивите за нападот и убиствиото на Јаниќијевиќ засега не се познати.

Јаниќијевиќ е татко на три деца, а неговата сопруга е бремена со четврто.

16.01.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега