За пет години Лустрациска откри 124 соработници на тајните служби

Комисијата за верификација на фактите за пет години работа откри прогласи 124 лица за наредбодавачи и соработници или соработници со поранешните тајни служби, од кои 106 се поранешни извршители на јавни функции, 11 биле актуелни и седуммина биле кандидати за извршување јавни функции, 81 лице биле живи, а 33 починати.

Претседателот на лустрациска, Томе Аџиев, изјави дека е задоволен со она што го спровела оваа Комисија која, според него, активно работела не цели четири години. 

- Комисијата се соочуваше со доста проблеми во своето работење. Одредена група луѓе во државата сака да се спроведе процесот на лустрација, додека одредена група се противи на процесот, изјави Аџиев.

Според него, лустрациска до сега проверила досиеја на 29.147 лица, а во следните пет години треба да бидат проверени уште околу 20.000. Работата на Комисијата била многу чиста и транспарентна и оти дискутабилно е тоа како таа била претставена во медиумите.

Инаку, денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да го предложи новиот состав на Комисијата за верификација на факти и исто така треба да предложи претседател и заменик-претседател на оваа Комисија.

15.01.2014 - 13:12
Фото: 
Дојче Веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега