Николовски: Изградбата на автопатот Охрид - Кичево ќе стартува со претстојната градежна сезона

 

Изградбата на автопатската делница од Охрид до Кичево ќе стартува со почетокот на годинашната градежна сезона односно некаде во текот на март годинава и тоа на три локации истовремено, со цел заврзување на градежните активности. Тоа денеска го најави пратеникот Александар Николовски при примопредавањето на донацијата на опрема за потребите на охридксата болница.

- Градежните работи ќе почнат истовремено на три локации,за да може за само три години да биде изграден. Согласно договорот, 51 проценти од луѓето коишто ќе работат ќе бидат од Македонија односно од општините кои гравитираат кон решението и најмалце 49 проценти од изведувачите мора да се од Република Македонија што по нас ќе значи комплетно  ангажирање на сета градежна оператива, имајќи го предвид  капацитетот што го има РМ,  додаде Николовски.

Тој потсети дека станува збор за современо автопатско поврзување на Охрид со Кичево, со модерна сообраќајница во две насоки со по три ленти. Во рамки на проектот се предвидени и тунел во должина од два километри, седумн поголеми и 14 помали мостови, четири вијадукти и останата пропратна инфраструктура.

Николовски уште додаде дека се разгледуваат и решенија за изградба на преостанатата делница од современо автопатско поврзување на Охрид со Скопје, односно делницата од Кичево до Гостивар, но и можностите преку финансиска поддршка од Светска банка да започнат активности за изградба на современ пат на магистралниот правец од Косел преку Охрид до Свети Наум, долж источно крајбрежје на Охридското Езеро

14.01.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега