Објавено обвинението за извршителите на убиството на новинарот Славко Чурувија

 

Како што објави српскиот весник “Данас”, обвинението против извршителите на убиството на српскиот новинар Славко Чурувија е напишано и ќе биде објавено следната недела кога ќе бидат извршени и апсењата.

Налогот за акцијата според весникот, е од врвот на државната безбедност.

Првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ изразува надеж дека случајот со убиството на Чурувија, кој датира од 11 април 1999 година конечно ќе биде разрешен. 

Сите лица кои се во Србија и се осомничени за тоа убиство се под строго надгледување за да се спречи евентуално избегнување на апсењето во следната недела.

11.01.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега