Затвор за родителите од пеколот кои ја полија ќерката со бензин за да ја запалат

 

Родителите од пеколот кои пред неколку денови се обидоа со бензин да ја запалат својата 21-годишна ќерка, конечно се зад решетки.

Ккао што пренесува Јутарни, судијата им одредил казна затвор со објаснување дека се опасни и би можеле да се обидат да го повторат делото доколку се на слобода. 

За потсетување, несекојдневниот и ужасен злочин се случи во вторникот кога татко и мајка дојдоа во Загреб каде си ја нападнале сопствената ќерка и ја полиле со бензин за да ја запалат, а несреќната девојка ја спаси само запалката која не работеше. Неверојатната драма се завршила со тоа што станарите успеале да ја заклучат хистеричната мајка во куќата, повикале полиција и таткото монстум го држеле додека не пристигнале полицајците на помош.

Повеќе за грозоморното дело прочитајте ТУКА.

10.01.2014 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега