Фратини: Целта Србија да стане членка на ЕУ до 2020 година е остварлива
“Ако се спроведат реформите, целта која ја постави потпретседателот на Владата (Александар Вучиќ), Србија да стане членка на ЕУ до 2020 година е остварлива. Објективна е, зошто да не." изјави денеска порнешниот шеф на италијанската дипломатија и актуелен советник на српската Влада во процесот на евроинтеграција, Франко Фратини.
Тој истакна дека целта Србија да стане членка на ЕУ до 2020 е остварлива, и дека тоа зависи од тоа колку Србија ќе биде подготвена да ги спроведе реформите, па дури и да го смени Уставот.
Фратини наведе дека не мисли оти на крајот од пристапните преговори ќе следи формално барање за признавање на Косово.
“Јасно е дека ќе се бара нормализација на односите што подразбира низа прашања кои можат да се решат без предусловот Србија официјално да го признае Косово. Тоа не е ставка во преговарачката рамка која е усвоена”, додаде Фратини.
Тој наведе и дека влезот на Србија во ЕУ сега е „јасно зацртана патека“, додека членството во НАТО е нешто сосема друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа