Со Југославија управувал полубратот на Јосип Броз Тито?

 

Поранешниот југословенски претседател Тито не бил оној Јосип Броз Тито кој го знаела цела Југославија. Тоа бил неговиот една година постар полубрат кој ги извршувал сите функции наместо него, пренесе курир.рс.

Мајката на Броз Марија Јавершек, која била Словенка од Подсред, работела во Виена како слугинка кај богат полски Евреин Самуел Мајер, сопственик на фабрика за медицински протези, а плод на таа љубовна приказна бил Јошуа  кој пораснал и детството го поминал во Виена, и учел во најдобрите училишта.

Мајката во меѓувреме се вратила во Кумровец, а тогаш вистинскиот Јосип Броз Тито се родил на 21 мај 1892 година, а бил плод на љубовта на Марија и Фрање Броз, селски работник во Кумровец. Еден од неговите колеги Нико Ивчиќ, тврдел дека Броз изгубил еден прст на машината на која подоцна во животот учел занает, па затоа и по војната при една средба со него во Сисак Ивчиќ пред сведоци се ракувал со него и му рекол: „Ти не си Јосип Броз“, бидејќи тој ги имал сите прсти на број на своето тело.

Јосип Броз бил мобилизиран во 1914 година во австроунгарската војска и истата година и загинал, а неговиот идентитет тогаш, наводно, го презема неговиот полубрат кој настапува на сцена. 

Ова е само уште една од теориите на заговор поврзани со маршалот Тито.

10.01.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега