Вигенин: Македонија и Бугарија постепено да ги решаваат потешките прашања

Македонија и Бугарија треба да ги решаваат потешките прашања постепено, градејќи меѓусебна доверба. Треба да стигнеме до потпишување договор за добрососедство, без да се врзуваме со конкретни рокови, истакна шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин,  во своето предавање во Министерството за надворешни работи.

Во своето обраќање, Вигенин зборуваше и за грчкото претседателство. Според него, проширувањето, од објективни причини, не може да биде приоритет.

Вигенин повтори дека Македонија ја има поддршката од Бугарија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека клучно за интеграциите е решавање  на отворените прашања со Грција и Бугарија.

 

Според Вигенин, последните месеци има напредок во преговорите за добрососедство меѓу официјална Софија и Скопје, додавајќи дека е важно медиумите да создаваат и шират позитивна атмосфера.

10.01.2014 - 13:30
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега