Истражување: На кое место е Македонија во регионот според просечното ниво на интелигенција?

Десетгодишното истражување на британскиот психолог Ричард Лин,финскиот политиколог Тату Вананена и холандски психолог, покажува колкав е степенот на интелигенција на сите народи од сите земји во светот. 

Според податоците од спроведеното истражување, на првото место на листата на најинтелигентен народ се наоѓаат жителите на Сингапур со коефициент на интелигенција 108, додека последното место е резервирано за Гвинеја каде просечното ниво на интелигенција е 46.

Кај поранешните членки на СФРЈ, прва по коефициентот на интелигенција е Словенија која се наоѓа на 11 место на листата со IQ 96, додека по неа следува и нашата Македонија со просечен IQ 91. По Словенија и Македонија следуваат Албанија Босна и Хрватска, кои заедно ја делат 17 позиција на листата со просечен IQ 90.

Инаку, на листата по Сингапур следува Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105.

10.01.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега