Значително зголемување на сушите на Балканот
Поради климатските промени и зголемената потрошувачка на вода, според европските научници, до крајот на векот сушите во јужниот дел на Европа и на Балканот ќе бидат се почести и подолготрајни.
Истражувачите сметаат дека очекуваното зголемување на температурите поради глобалните климатски промени ќе се интензивира, и дека нивото на водата во поголемите и помалите реки ќе се намали за 40 отсто, а недостигот од вода ќе се зголеми дури за 80 отсто.
Според истражувањата сушите ќе бидат поизразени во Европа и особено во јужниот дел од стариот континент и на Балканот.
Само во Европа во изминатите три децении трошоците предизвикани од сушите се над 100 милијарди евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа