Вествуд со инвестиција од 450 милиони долари за Железарата Смедерево

 

Во следниве два месеци, инвестицискиот фонд Вествуд заинтересиран за Железарата Смедерево, треба да донесе одлука за стратешко партнерство или купување на 100 отсто капитал.

Како што објави „Новости“, претставниците на Вествуд од вчера се наоѓаат во Србија и се подготвени за вложувања од околу 450 милиони долари во српската челичана.

Станува збор за инвестициска група со седиште во Лондон и Виена, која со потпишувањето меморандум во средината на декември искажа намера по анализата, во март конечно да одлучи дали ќе ја преземе челичаната или ќе понуди партнерство на државата.

10.01.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега