Роднините на Владе Дивац: Не ја обвинувајте Рада - и онака е скршена од болка
Миленко Дивац, татко на прославениот кошаркар Владе Дивац, загина во тешка соораќајна несреќа која се случи пред три дена околу 16 часот на патот Чачак - Ужице кај месот Овчар Бања во Србија. Со автомобилот управувала мајката на Владе Дивац, Радмила, која исто така е повредена. Автомобилот излетал од патот и удрил во бетонски столб.
Роднините на кошаркарот тешко ги погодила веста дека е покрената кривична пријава против 72-годишната Радмила за дело против безбедност во сообраќајот.
- Не знаеме дали мора, но знаеме дека и сега без пријава и е доволно тешко откако го загуби сопругот, велат тие.
За Рада велат дека е искусен и мирен возач. Таа вози веќе 40 години и според нив никогаш немала било каква сообраќајка или несреќа.
Инаку, мајката и таткото на Владе Дивац со автомобилот на местото каде тргнале во 11 и 30 часот, стигнале во 16 часот, што значи дека таа возела во просек со 35 километри на час.
Повеќе информации за несреќата прочитајте тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа