Цеца наскоро го жени синот?

 

Светлана Ражнатовиќ Цеца наскоро ќе стане свекрва. Вчера нејзиниот син Вељко ја запроси својата девојка Маша терзиќ, а потоа радосната вест ја сподели на својот официјален профил на Фејсбук.

По бројните негативни коментари кои се појавија со оглед на тоа дека Вељко има само 18 години, на социјалните мрежи се огласи и неговата идна сопруга: - Не разбирам зошто толку негативни коментари. Сега полно ли ви е срцето?, напиша Маша на Твитер.

Инаку, идната свекрва за српскиот Курир изјавува дека повеќе се работи за подарок за Божиќ, а не за веренички прстен и додава: -Синоќа седеа кај нас но никој не спомена веридба. Инаку се многу слатки, а Вељко и напиша и песничка која ја објави на Фексбук.

Па, изгледа дека за свадба синот на Цеца ќе треба малку да почека.

10.01.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега