ФОТО: Секое регистрирано возило во Македонија треба да ја има оваа налепница

 

Од почетокот на годинавa почна со примена “Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ (Сл.Весник на Република Македонија бр.99/13).

Kако што информираат од МВР, оваа новина предвидува секое новорегистрирано возило од 1-ви јануари добива налепница за извршена регистрација која задолжително треба да се залепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Налепницата за 2014 година е со црвена боја и со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.

Целта на воведувањето на ова правило е да се намали бројот на нерегистрирани возила кои учествуваат во сообраќај.

09.01.2014 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега