Вереницата на Ѓоковиќ: Авионите за мене и Новак беа луксуз
Вереницата на тенисерот Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата и раскажа за нејзиниот живот во Белград и за почетоците на долгогодишната врска со познатиот тенисер.
-Што ли не работев во младоста. Ништо не ми беше тешко. Работев и во кладилница. Работев на шанк каде ми даваа бакшиш кога нивниот тим ќе победеше. Тоа беше интересно, вели Јелена за себе.
Таа додава дека целиот живот имала поддршка од Новак што и да правела.
“Јас бев студентка , а тој беше тенисер почетник кој исто така немаше пари да финансира авионски билети за да се видиме. Авионите за нас беа вселенски летала, ние тоа не можевме да си го дозволиме, вели таа.
Јелена раскажува и дека еднаш доживеала и да остане без патики: -Мојот симпатија ме носеше на грб. Никогаш не разбрав зошто тоа го правеа. Не знам дали сакаа да покажат сила или патиките навистина им беа потребни, вели Јелена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа