Последниот телефонски повик на Таткото на Владе Дивац: Сине не се грижи, јас и мајка ти не сме повредени

 

„Сине не се грижи, јас и мајка ти не сме тешко повредени“. Таткото на Владе Дивац по сообраќајната несреќа кај Овчар Бања, во Србија телефонски му се јавил на својот син и му кажал дека нема потреба од грижи бидејќи тој и неговата мајка, Радмила, кој управувала со автомобилот не биле тешко повредени. Еден час подоцна, 77 годишниот Миленко Дивац починал во болница.
Кога го донеле во болницата тој бил контактибилен и разговарал со лекарите. Луѓето од медицинскиот тим за српските медиуми велат дека на прв поглед изгледало како да нема тешки повреди. Имал гребаници по лицето и рацете.
Лекарите се уште немаат конечен одговор, во какви околности настанала смртта на Миленко Дивац, но се сомневаат дека се работи за инфракт, или пак за некое внатрешно крварење.
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи пред два дена, тешки повреди на рбетот заработи и мајката на Владе Дивац.

09.01.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега