Македонските момчиња привлекуваат туристки - богати жени доаѓаат во Македонија за секс

 

Богатите туристки од светот доаѓаат во Македонија бидејќи тука им се нуди „романса со локални момчиња“, пишува словенечкиот весник „Финанце“. Весникот пишува дека овие момчиња, им нудат сексуални услуги на туристките и така заработуваат за себе, но и за своите семејства.

Според „Финанце“, освен Македонија, по овој секс-туризам се популарни и Италија, Грција, Шпанија, Турција и Хрватска.

Како што пишува словенечкиот весник, пред распадот на Југославија, многу посакувани биле таканаречените „далматински галеби“, шармери кои преку лето биле постојано присутни на плажите и добивале скапи подароци во замена за сексуални услуги.

Невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика тврдат дека во Македонија не е забележана ваква појава, барем не масовно доаѓање на туристки во нашата земја поради сексуални услуги.

Извор: Денешен

09.01.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега