Штајнмајер во Атина ќе го покрене прашањето за Македонија

 

Шефот на германската дипломатија Франк-валтер Штајнмајер за Дојче Веле вели дека Македонија ќе биде една од темите во неговите разговори во Атина.

-Сигурен сум дека патувам за Атина добро подготвен. Секако дека мојата подготвеност се однесува и за односите меѓу Грција и Македонија за кои сигурен сум дека ќе се разговара. Со Грција ќе разговарам за сите отворени прашања – како оние што се однесуваат на Европската Унија, така и за економската криза и односите со соседите, вели Франк-Валтер Штајнмајер за Дочле Веле.

Според Билд, за Македонија да го надмине застојот во евроинтеграциите, потребна е добра волја и од Скопје и од Атина.

-Скопје и Атина треба да бидат конструктивни. Да бидат подготвени да направат компромис кој е евидентно во интерес на двете земји и со кој ќе се овозможи Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ, кои ги сметам за неопходни. Тоа е потребно за стабилноста со што ќе се покаже дека земјата оди нанапред. Македонија подолг период е во застој кој сметам дека треба да биде „прекршен“. Но, затоа е потребна добра волја од двете страни: и од Скопје и од Атина, изјавил Билд.

09.01.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега