Пролет среде зима

 

Времето во Македонија ќе биде малку до умерено облачно на планините, а во останатите делови од земјата со ниска облачност и појава на магла. Попладне ќе се зголеми видливоста, но и понатаму ќе има ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од пет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо со ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови ќе продолжи стабилно и релативно топло време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Од недела ќе има зголемена облачност, а во недела попладне ќе има услови за појава на врнежи од дожд.

09.01.2014 - 08:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега