Воведоа нов данок - на секоја кутија цигари доплаќаат по 3 денари
Грчката Влада денеска одлучи да ја укине еднократната такса од 25 ерва за прием во болница, што беше воведена неодамна и да ја замени со нов данок на тутунот и цигарите.
Министерството за финансии одлучи да воведе данок од пет центи (околу 3 денари) за секоја кутија цигари или тутун, од што во државната каса годишно ќе се слеат околу 40 милиони евра, колку што требаше да се соберат од болничката такса.
Членовите на коалициската Влада имаа спротиставени ставови околу воведувањето на болничката такса. Министерот за здравство Адонис Јоргијадис од Нова демократија беше за воведување на болничката такса, но социјалистите се противеа на тоа. ПАСОК бараше од болничката такса да бидат ослободени невработените, како и лицата без здраствено осигурување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа