Животот поскапел во декември
Трошоците на живот во декември се зголемени за 0,3 проценти во однос на ноември, а за 1,4 проценти во споредба со декември 2012, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по групи пораст на трошоците на живот во однос на ноември има кај храната и безалкохолните пијалоци и транспортот за 0,5 проценти, кај рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,3 проценти, здравје за 0,2 проценти, облека и обувки и домување за 0,1 процент.
Намалување е забележано во групите ресторани и хотели за 0,6 проценти, алхоколни пијалоци, тутун и мебел, покуќнина за 0,2 проценти.
На ниво од претходниот месец останати се индексите на трошоците на живот во групите Комуникации и Образование.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа