„Не можев да ја гледам со друг маж“ - четворица убиени поради невозвратена љубов

 

Четирикратно убиство се случи синоќа во селото Ѓономад кај албанскиот град Корча.

Со автомаска пушка убиени се сопружниците Белимон (31) и Даниела (30) Мечолари и Реџеп (55) и Валентина (50) Метелари.

Извршител на убиството е Башким Латолари (40), кој имал љубовна врска со Даниела, која и покрај неговото настојување да се разведе од сопругот тоа не сакала да го направи.

Сопружниците Мечолари, убиецот ги застрелал преку прозорецот од нивната куќа. Во собата биле и нивните две малолетни деца, на возраст од шест и четири години, но за среќа не се повредени.

Веднаш потоа заминал во куќата на сопружниците Метелари, кои биле вујко и вујна на Белимон. Нивната вина била што дознале за врската и ја убедиле Даниела да не го напушта сопругот и децата.

Откако го извршил маскарот сам се пријавил кај старешината на селото кој ја известил полицијата. Според полицијата убиецот во моментот на извршување на делото бил во алкохолизирана состојба. Во изјавата пред истражната екипа тој рекол дека неговиот живот немал смисла без Даниела и оти не можел да поднесе да ја гледа со друг маж.

08.01.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега