Фајон: Нема враќање на визите за Црна Гора

 

 Пратеничката во Европскиот парламент Тања Фајон вели дека не се очекува земјите членки на ЕУ да побараат суспензија на безвизниот режим спрема Црна Гора.

Фајон потстетува дека од утре стапува на сила механизмот за привремено укинување на безвизниот режим кој досега не постоеше во ЕУ. Механизмот предвидува држава членка да може да побара укинување на визната либерализација кога од одделни држави има зголемување на илегалните имигранти или азиланти.

– Во случајот со Црна Гора не очекувам никакви опасности. Досега ниту една држава од ЕУ не најави активирање на механизмот за укинување на безвизниот режим, изјави Фајон за дневне новине.

Таа упати апел до црногорските власти и понатаму да ги исполнуваат сите мерки кои се потребни за важност на безвизниот режим.

08.01.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега