Сиромашните Грци и наштетија и на Бугарија
Кризата во Грција затвора продавници во бугарскиот град Сандански, каде Грците порано често пазарувале, пренесува атинското радио Скај.
Сандански е градче со 27.000 жители на 20 километри од границата, кое пред неколку години доживеа економски „цут“ најмногу поради жителите на Солун и околните места во Северна Грција, што масовно доаѓаа на викенд пазарување и оставаа големи износи на бугарскиот пазар на прехранбени стоки, облека и средства за домаќинства.
Грчкото Радио Скај повикувајќи се на бугарскиот весник „Стандард“, објавува дека за само неколку дена од почетокот на 2014 година во Сандански се затворени десетина продавници поради банкрот на сопствениците, а дури 20тина пропаднале пред крајот на 2013 година.
Од 20 јануари се очекува бран банкроти, а туристичкиот пазар е мртов. СПоред „Стандард“, состојбата од година во година е се полоша, бројот на гости од Грција е драстично намален, а тие што се уште доаѓаат купуваат значително помалку од претходно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа