Пратениците се враќаат на работа
Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 80-тата седница на која треба да расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор, во прво читање.
Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, Законот за управни спорови, Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за семејството, Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Законот за градење, сите во прво читање.
На дневен ред се и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2014 година, Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика за 2014 година; Годишната програма за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година, Предлог националната стратегија за заштита и спасување на Република Македонија за периодот од 2014 - 2018 година и Предлог законот за ратификација на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа