Македонија и Азербејџан ја унапредуваат соработката на економски и политички план

 

Македонија и Азербејџан перманентно ја унапредуваат соработката не само на политички, туку и на економски и културен план, оценија директорите на царинските служби на двете земји, Ванчо Каргов и Ајдин Алиев.

- Имаме многу добра соработка меѓу двете царински служби и соработуваме на различни активности, изјави директорот на азербејџанската Царина, која донираше опрема на македонската Царина.

- Соработуваме на ниво на Светска царинска организација и на регионално ниво, рече Каргов и потенцира дека соработката меѓу овие две институции ја поттикнува и економската соработка меѓу двете земји.

Утре ќе биде отворена изложба во „Чифте амам“ за заштита на културното наследство на Азербејџан, а задутре во МОБ ќе биде одржан гала концерт со заеднички азербејџански и македонски уметници.

најчитано сега