11.606 лица се соочиле со „Алфите“

 

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на изминатата 2013-та година, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 11.606 лица, извршен е преглед на вкупно 1.182 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 3.582 лица.

По основ на телеграма приведени се 429 лица, потраги, гласник, наредба од Основен суд 342 лица, поради сомнение за извршено кривично дело 542 лица, по извршено кривично дело 361 лице, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 203 лица, за издржување на казна затвор 23.  За утврдување на идентитет 77 лица, за држење недозволени предмети 49 лица и странски државјани со нерегулиран престој во Република Македонија 39 лица.

Вкупно приведени лица за нарушување на јавниот ред и мир и други прекршоци се 404 лица, приведени лица со оружје се 32, за поседување опојни дроги 608, а приведени со патничко моторно возило се 283 лица.

Полициските „Алфи“ асистирале во вкупно 245 случаи при вршење претрес на дом и други простории. Во рамки на претресите се пронајдени: повеќе ловни пушки и муниција без документи, пиштол, неколку рамки со куршуми, сигнален пиштол, воздушна пушка, јакни со полициски ознаки, 50.000,00 денари и кредитни картички на туѓо име и презиме, поголема количина златен накит од интерес на службата, принтер, нотарски договори, царински декларации, пиштол марка ЕКОЛ, три моторцикли и делови од облека со кои е извршено кривично дело, поголема количина алкохолни пијалоци, пиштол без Одобрение и ловна пушка...

„Алфите“ меѓу другото извршиле спровод на вкупно 66 лица, а предале на сообраќајна патрола 250.

07.01.2014 - 13:31
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега