Напишете им порака на дрес за среќа - ракометарите утре ќе чекаат фанови во Сити Мол
Пред почетокот на Европското првенство во ракомет и испраќањето на нашата репрезентацијаза Данска, Пивара Скопје и СКОПСКО организираат пишување на пораки за поддршка на ракометарите на Македонија.
Фановите на репрезентацијата пораките ќе ги испишуваат на дресови на репрезентативците кои се изработени специјално за оваа намена.
Акцијата ќе биде организирана утре од 11:00 до 14:00 часот во трговскиот центар „City Mall” во Скопје.
Дресовите со пораките од вистинските навивачи ќе им бидат предадени на репрезентативците непосредно пред нивното заминување за Данска.
-Поддршката на СКОПСКО и Пивара Скопје на македонскиот ракомет трае повеќе од три децении, што претставува најдолготрајна поддршка на овој спорт во земјава. Таа е пример за вистинско, континуирано и пред сѐ искрено партнерство меѓу еден од најсилните македонски брендови со 90-годишна традиција и еден од најуспешните екипни спортови во земјава, стои во соопштението од Image PR.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа