400 дечиња денеска на Божиќен ручек во Прилеп
Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп традиционално организира заеднички Божикен ручек за децата од Македонија.
- Годинава Божикниот ручек е за 400 деца од Скопје, Ресен, Штип, Битола, Струмица, Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат: децата без родители, децата на бранителите, деца со посебни потреби, како и деца членови на Детската амбасада за сите деца во светот, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.
На божикниот ручек во прилепскиот хотел „Кристал палас“ можатда присуствуваат и дечиња од другите верски заедници: од исламската, католичката, еврејската и од евангелско-методистичката.
По петти пат ќе биде доделен „орденот за носител на мирот“. Ова признание годинава ќе го понесе митрополитот Петар, кој и ќе го благослови божикниот ручек. Новогодишни пакетчиња на децата ќе им додели прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, а за програмата ќе се погрижат децата од Фестивалот „Ѕвездички“ и детскиот хор „Мали ангели“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа