„Не можам да се јавам со жена ми сум“ - наместо на швалерката испратил порака на паркинг
Од пет милиони СМС пораки, колку годишно пристигнуваат на серверот на Паркинг сервисот во Нови Сад, пет проценти се погрешни и не се однесуваат на плаќање паркинг.
Возачите, помеѓу другото, на серверот за наплата му порачуваат: Доаѓам за 5 минути, Чекај ме, тргнав и Добра ноќ, чао!
Не секогаш се работи за тоа да се биде духовит. Пораките се очигледно испратени по грешка и се упатени на некоја позната личност, вели Радован Јекниќ од Паркинг сервис.
Меѓу илјадниците неправилно испратени пораки има и љубовни, а некои откриваат и брачно неверство. Еден испраќач, очигледно во незгодна ситуација, напишал: Среќо, не можам да ти се јавам, со жената сум.
Новосаѓаните го совладале плаќањето преку СМС, но возачите од другите места имаат проблем, па некои од нив се допишуваат со СМС центарот, особено кога ќе им стигне порака дека за 5 минути им завршува паркингот. Реакциите се различни: Одлично! Цмок; Фала, но си отидов пред еден саат; Не сум веќе на паркингот; Терај, си отидовме!
Има и такви кои на системот му порачуваат: На забар сум, немој да ме казните. А и такви кои се незадоволни: Да ве е*** 120 минути, па ок, што ви смета да паркирам подолго или Е** се, ми напиша казна за 2 минути.
06.01.2014 - 23:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа