Митрополит Наум: Бадниковата вечера и лепчето со паричка не се православни обичаи
Струмичкиот митрополит Наум, во своето обраќање до верниците, вели дека причестувањето со „Светите Тајни на Телото и Крвта Христови во Светата Литургија на Црквата“, треба да биде единственото чествување на Божик. Според него, делењето бадникови гранчиња, бадникова вечера во која има храна со зејтин и риба, како и лебчето со паричка всушност се коси со македонското православие.
-Собирањето и делењето на бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај и ниту на една друга помесна Православна Црква или народ, исто како и кршењето лебот со паричка на бадниковата вечера. Оттука па натаму, нема ништо да кажам – секој нека се определи сам“, вели митрополитот струмички Наум.
Митрополитот вели дека толкувањето дека Божик е семеен празник и таквото празнување е исто така туѓо учење и туѓ обичај, кој е неправославен.
-Толкувањето дека Божик е семеен празник, и таквото празнување, е исто така туѓо учење и туѓ обичај ̶ неправославен. Каква врска има непорочното и бессемено зачнување и безболното и девствено раѓање со засновањето на овоземното човечко семејство? Ама баш никаква! Значи имаме туѓо учење – неправославно, кое се надополнува со неправославна иконографија: каде што Јосиф и Марија стојат заедно наведнати пред колевката на Исус, за разлика од православната иконографија каде што Пресвета Богородица и Секогашдева Марија заедно со Богомладенецот Христос го заземаат централниот простор на иконата, а праведниот Јосиф, ако некој не знае, не ни може да го забележи на иконата – насликан негде на страна. Ако на ова го додадеме и нарочното организирање на семејна вечера токму на Бадник заедно со нарушувањето на определениот црковен пост, а со тоа и неможноста за Причест – се комплетира целата слика колку е сето тоа погрешно, вели митрополитот Наум.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа