Софија ќе го подигне „бугарскиот“ цар Самоил, а Грција ќе ги даде неговите коски
Софија ќе постави споменик на цар Самуил наесен, а ваквата иницијатива е дел од програмата за одбележување на 1000 години од смртта на претпоследниот владетел на Првата бугарска држава, објави бугарскиот весник “24 часа”.
Финансиските средства ќе бидат обезбедени од фондацијата “Бугарско сеќавање” на д-р Милен Врабевски, кој во 2013 година ја доби наградата на Европарламентот за европеец на годината.
“Чекаме главниот архитект да предложи соодветно место во центарот, на кое ќе биде поставен споменикот. Идејното решение ќе биде избрано на конкурс. Статуата на владетелот треба да е убава и разбирлива за луѓето. Споменикот треба да биде поставен до крајот на септември”, изјави д-р Врабевски.
Тој дополнува дека уште пред 6 години грчката страна изразила готовност да ги предаде останките на цар Самуил и неговата плаштаница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа