Секој четврт Грк бара спас надвор од земјата
Еден од четворица Грци сака да емигрира во некоја европска земја поради кризата, покажува опширното истражување објавено во весникот „Елефтеротипија“.
Според податоците од ова истражување, кон крајот на 2010 година десет отсто од научниот потенцијал на Грција, односно околу 120 илјади лица, веќе биле надвор од државата.
Во периодот од 2007-2010 година емигрантите од Грција се зголемиле на 73 проценти. Само во Германија има шест илјади грчки лекари, а во таа земја живеат 354.500 Грци.
Илјадници Грци искажуваат намера да емигрираат, а многумина од оние кои тоа веќе го направиле, си заминале само со еден куфер за да избегаат од социјалниот безизлез, пишува весникот.
Весникот уште објави дека од сите земји во светот, во САД има најмногу грчки иселеници, каде има три милиони иселеници, а на последно место е Шведска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа