„Маја е убиена и фрлена на планината“

Не може самата да се качи на планината толку далеку од селото. Не можам да поверувам дека таа самата си наштетила. Беше заведена. Мојата ќерка Маја е убиена и фрлена на планината.

Со овие зборови, во голема тага, шок и во неверување проговори за весникот Дневник Ристе Блажески, таткото на Маја (14), чие тело пред три дена беше пронајдено на планините во близина на селото Велмеј, неколку километри од селото Лешани каде што таа живеела. Од ноември лани кога малолетната Маја побегнала од дома, с` до првите денови од јануари кога ловџии го пронајдоа безживотното тело на девојката, не е знаеше каква е нејзината судбина. Сепак, и по ова останува мистерија што се случило.

-Во околните села, како и во Охрид, само за ова се зборуваше вчера. Сите прашуваа дали Маја е убиена, дали била жртва на измамник што ја намамил преку социјалната мрежа „Фејсбук“ или, пак, бегајќи од дома, залутала и се смрзнала на планината. Репортерската екипа на „Дневник“ се обиде да ја пронајде вистината на самото место. Првин дојдовме до селото Велмеј, чии жители ја пронашле Маја. Дознавме дека тие добро го познавале девојчето оти тука учело основно училиште. Забележавме некролози на бандерите, кои за несреќа беа потврда дека исчезнатото девојче навистина е мртво, пишува весникот.

Целата анализа прочитајте ја во Дневник...

 

 

04.01.2014 - 23:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега